Конференцијата “Македонскиот енергетски форум” оваа година се организира во знакот на светската енергетска транзиција, новите извори на енергија, енергетската ефикасност и предизвиците на регионот на Југоисточна Европа при приклучувањето кон глобалниот тренд.
Македонскиот енергетски форум во 2018г. започна како иницијатива која требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.
Во 2019г навлегуваме подлабоко во предизвиците со кои се соочува и ќе се соочи регионот при приклучувањето на енергетските трендови во светот,