Говорници

ЗОРАН ЗАЕВ
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЏЕС БЕЈЛИ
АМБАСАДОР НА СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ ВО МАКЕДОНИЈА
Модератори
200 Учесници
100 Компании
30 Меѓународни и домашни панелисти
ЗИП Институт е независна, невладина организација, која има за цел да ги подобри демократските процеси, владеењето на правото и развојот на граѓанското општество во Република Македонија, преку прилагодени решенија за најгорливите социјални, општествени и систематски проблеми. Главна карактеристика на работата на ЗИП Институт се детални, сеопфатни анализи, иницијативи и акции на локално, национално и регионално ниво, како и поврзување на процесите на истражување и анализа со материјални решенија за најгорливите проблеми и придонесување кон процесите на креирање политики.
Владата има за цел повторно да ја врати изгубената енергетска сигурност и стабилност на Македонија, да ја намали електричната енергија и трошоците за електрична енергија, и да го направи сонцето извор на енергија во домаќинствата. Владата ќе обезбеди достапност на електрична енергија за сите граѓани и претпријатија.
Ќе се субвенционираат иновативни решенија и напредни технологии за производство на енергија, за да се намали процентот на фосилни горива и да се зголеми производството од обновливи извори на енергија. Намалувањето на увоз на енергија ќе биде резултат на комбинацијата од енергетска ефикасност и енергетска заштеда, рационално производство на сопствена енергија и значителен настап на регионалните и меѓународните пазари за електрична енергија, природен гас и нафтени деривати.
Владата ќе го поддржи рационалното производство на електрична енергија преку трансформирање на ТЕЦ Неготино во енергетско-земјоделска електрана, преку градењето на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, преку оптимизирање на Пелагонскиот базен за јаглен, воведување на последните еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј.
АГЕНДА
Прочитајте ja целата Агенда на настанот. Официјални јазици на конференцијата ќе бидат:
англиски, македонски, албански
Среда, 6 јуни, 2018 | |
20:00–23:00 | Свечен прием |
Четврток, 7 јуни, 2018 | |
10:00-10:30 | Регистрација на учесници |
10:30-11:00 | Поздравен говор и воведно обраќање
Јасминка Аневска, шеф на Кабинет на генерален директор, АД Електрани на Македонија г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија н.е. Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија |
11:00-12:00 | Панел I: Енергетиката во светот во следните 20 години
модератор: Сани Демири, член на Управниот одбор на ЗИП Институт, професор на Универзитетот „Мајка Тереза”, Скопје Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања Нејт Блер, менаџер за стратегиски енергетски анализи во центарот за национални обновливи извори на енергија Корнел Зевелеану, заменик на генерален директор, Управа за нафта и гас, Министерство за енергетика, Романија Теки Суајиби, менаџер за продажба, ГЕ дистрибуција, ГЕ Енергија и вода |
12:00-12:30 | Сесија прашања и одговори поврзани со Панел I |
12:30-12:45 | Групна фотографија |
12:45-13:00 | Изјави за медиуми |
13:00-14:15 | Ручек |
14:15-15:15 |
Панел II: Обновливи извори на енергија, микро-мрежи и складирање на енергија
модератор: Христина Спасевска, професор на ФЕИТ и раководител на Институтот за математика и физика Марек Кубик, директор за маркетинг, Флуенс енергија Наташа Марковска, истражувач, Македонска академија на науките и уметностите Горан Паунов, сопственик и генерален директор на КМГ ЕОЛ Квазар ДООЕЛ Пранвера Добруна Криезиу, одбор на директори, неизвршен директор, КЕК, Косово |
15:15-15:45 | Сесија прашања и одговори поврзани со Панел II |
15:45-16:15 | Пауза за кафе |
16:15-17:15 | Панел III: Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан
модератор: Виктор Андонов, генерален секретар, Евро-атлански совет на Македонија Хаки Абази, извршен директор на Институтот за демократии во подем во Вашингтон, САД Стивен Б’рнс, раководител за енергетика и инфраструктура, Биро за Европа и Евроазија, УСАИД Трајче Черепналковски, извршен директор на Неотел Еридета Баши, директор на сектор за планирање и стратешки инвестиции, КЕШ, Албанија Ина Лазарова, Совет на директори, оддел за проекти, БЕХ, Бугарија |
17:15-17:45 | Сесија на прашања и одговори поврзани со Панел III |
Петок, 8 јуни , 2018 | |
09:30-10:30 | Панел IV: Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас
Модератор: Верица Узунова, претседател на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ Каролина Чегир, претставник од Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена Сотириос Никас, извршен директор, ДЕСФА, Грција Хуан Хозе Форнасо, потпретседател за продажба во Европа и Заедницата на независни држави при Galileo Technologies S.A. Митко Андреевски, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот |
10:30-11:00 | Сесија прашања и одговори за Панел IV |
11:00-11:30 | Пауза за кафе |
11:30-12:30 | Панел V: Енергетска политика во Република Македонија – патоказ
модератор: Соња Ристеска, проектен офицер за Југоисточна Европа при „Agora Energiewende” Крешник Бектеши, министер за економија, Влада на Република Македонија Драган Миновски, претседател на Управен одбор и генерален директор на АД Електрани на Македонија Славе Ивановски, сопственик на Мега Солар Атанаско Тунески, професор на МФС, УКИМ |
12:30-13:00 | Сесија одговори и прашања за Панел V |
13:00-13:30 | Заклучоци на конференцијата
Јасминка Аневска, шеф на Кабинет на генерален директор, АД Електрани на Македонија |
13:30 | Крај на конференцијата |
13:30-15:00 | Ручек |
Место
Овој луксузен хотел нуди разни видови сали за состаноци, посебно дизајнирани за организирање настани, конгреси и средби. Од конвенции и конференции, па сè до свадби и семејни прослави, лични и професионални настани од секаков обем и стил се организираат секојдневно во Хотел Изгрев, Спа и Аква Парк.