Преостанато време до форумот

2019/05/16 10:00:00

АГЕНДА

Официјални јазици на конференцијата

Англиски, Македонски и Албански

  Среда, 15 мај, 2019
20:00 Свечен прием
   
  Четврток, 16 мај, 2019
09:00-10:30 Регистрација на учесници
10:30-11:00 Воведно обраќање

–        г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија

–        г-а Микаела Швајцер-Блум, вршител на должност амбасадор, Амбасада на САД во Република Северна Македонија

 

11:00-12:00 Панел I: Енергетска транзиција во светот и регионални предизвици во пристапувањето кон глобалниот тренд

Модератор: г. Драган Миновски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ

Панелисти:

–        г. Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, Република Северна Македонија

–        г. Јанез Копач, директор, Европска енергетска заедница

–        г. Џавид Зариќи, заменик министер,  Министерство за економски развој, Влада на Република Косово

–        г. Марко Радуловиќ, генерален директор, Директорат за енергетска ефикасност, Министерство за економија, Црна Гора

12:00-12:30 Сесија за прашања и одговори поврзани со Панел I
12:30-12:45 Групна фотографија
12:45-13:00 Изјави за медиуми
13:00-14:15 Ручек
14:15-15:15 Панел II: Жените во енергетиката – можности и предизвици за родова еднаквост

Модератор: г-а Христина Спасевска, професор, ФЕИТ

Панелисти:

–        г. Штефан Питер, МБА, претседател на Управниот одбор на ЕВН, Скопје

–        г-а Шенон Рањон, шеф на Оддел за политички и економски односи, Амбасада на САД во Република Северна Македонија

–        г- а Верица Узунова, претседател на Надзорен одбор на АД ЕСМ

–        г-а Рим Хамдан, заменик-генерален директор, компанија за електродистрибуција EDCO, Кралство Јордан

–        г-а Ева Елереит, директорка на канцеларијата, Фридрих-Еберт, Скопје

 

15:15-15:45 Сесија за прашања и одговори поврзани со Панел II
15:45-16:15 Кафе-пауза
16:15-17:15 Панел III: Регионални предизвици во снабдувањето со природен гас

Модератор: г. Митко Андреевски, советник за енергетика во кабинетот на премиерот

Панелисти:

–        г-а Џеси Скот, виш советник, Агора Енергиевенде, Берлин

–        г. Ростислав Палагусинец, прв секретар, Амбасада на Украина во Северна Република Македонија

–        г. Ден Милстајн, директор, Европска регионална канцеларија, Оддел за енергија, Министерство за Енергија, САД

–        г. Бранко Миличевиќ, експерт за економски прашања, Група експерти за гас, УНЕЦЕ

–        г. Барним Пиечоровски, раководител на Оддел за развој на бизнисот во Балканскиот регион, УНИПЕР

–        г. Сотириос Никас, виш советник на извршниот директор, ДЕСФА, Грција

17:15-17:45 Сесија за прашања и одговори поврзани со Панел III
19:00–21:30 Вечера
 

21:30

„Енергијата на музиката, виното и сирењето” – забава поддржана од Тиквеш и Интер-милк

  Петок, 17 мај , 2019
09:15-09:30 Воведен говор

Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност –

искуства од Шпанија

–        Н.Е. г. Емилио Лорензо Сера, амбасадор, Амбасада на Кралство Шпанија

 

09:30-10:30 Панел IV: Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година

модератор: г. Сани Демири, член на Управниот одбор на ЗИП Институт, професор на Универзитетот „Мајка Тереза”, Скопје

Панелисти:

–        г. Крешник Бектеши, министер за економија, Влада на Република Северна Македонија

–        г. Ристо Јаневски, директор за развој и стратешко планирање, ОКТА

–        г. Сашо Салтировски, директор, Дистрибуција на електрична енергија, ЕВН

–        г. Марко Топиќ, претседател на Европската платформа за технологија и иновации на фотоволтаиците

–        г-а Лихие Иуклеа, инженер за животна средина, директор на Оддел за отпадна вода и обработлива почва, ДХВМЕД, Израел

 

10:30-11:00 Сесија за прашања и одговори за Панел IV
11:00-11:30 Кафе-пауза
11:30-12:30 Панел V: Енергетската ефикасност како главен фактор за намалување на потрошувачката на енергија по 2030 година –  поддржано од Прокредит банка

Модератор: г. Методија Миноски, директор на Одделот за управување со животна средина, Прокредит банка

Панелисти:

–        г-а Виолета Когалничеану, директор на Одделот за инфраструктура и енергетска ефикасност, Европска енергетска заедница

–        г-а Ана Стојиловска, претставник од Централноевропскиот универзитет, Будимпешта

–        г. Гонзало Бариос, виш експерт за зелено финансирање, ИПЦГмбХ, Германија

–        г. Ивица Јакимовски, директор, Голден арт, Скопје и претседател на Градежната комора

–        г-а Ана Чоловиќ, извршен директор, Екосвест

 

12:30-13:00 Сесија за одговори и прашања за Панел V
13:00-13:30 Заклучоци на конференцијата

Јасминка Аневска, шеф на Кабинет на генерален директор, АД Електрани на Северна Македонија

13:30 Крај на конференцијата
13:30-15:00 Ручек

Говорници

ЗОРАН ЗАЕВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИХАЕЛА ШВАЈЦЕР – БЛУМ

ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ АМБАСАДОР, АМБАСАДА НА САД ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

КОЧО АНЃУШЕВ

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАДОЛЖЕН ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА

КРЕШНИК БЕКТЕШИ

МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ВАЛДРИН ЛУКА
МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА КОСОВО
ШТЕФАН ПЕТЕР

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОРН НА ЕВН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД, СКОПЈЕ

ЈАНЕЗ КОПАЧ

ДИРЕКТОР НА СЕКРЕТЕРИЈАТОТ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА

ВИОЛЕТА КОГАЛНИЦЕАНУ

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕДИНИЦАТА ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКРЕТЕРИЈАТ НА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА

Модератори

ДРАГАН МИНОВСКИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР, АД ЕСМ

ХРИСТИНА СПАСЕВСКА

ПРОФЕСОР НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

САНИ ДЕМИРИ

ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР, ЗИП ИНСТИТУТ, ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ “МАЈКА ТЕРЕЗА” СКОПЈЕ

МИТКО АНДРЕЕВСКИ

СОВЕТНИК ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МЕТОДИЈА МИНОСКИ

КООРДИНАТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ПРОКРЕДИТ БАНКА

200 Учесници

100 Компании

30 Меѓународни и домашни панелисти

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја, а нашата примарна цел покрај континуираното и стабилно производство на електрична енергија, е и изнаоѓање на нови извори на енергија и подобрување на еколошката свест. Електричната енергија не е дар од Бога, таа е најсофистицираниот извор на енергија. Нашата земја изобилува со разновидни природни богатства и ресурси кои можат да обезбедат доволно енергија за сите наши потреби. Ние ја облагодаруваме природата и ја произведуваме електричната енергија. За нас во АД ЕСМ секоја капка вода и секое парче земја има огромно значење, затоа што знаеме дека таму се крие моќ, таму се крие моќта на енергијата.

АД ЕСМ е столбот на државата без негова стабилност нема подобра и посигурна иднина и затоа не треба да постои одлагање на развојното решение за иднината на нашиот систем. Нашите хидро и термо-капацитети работат постојано и се одржуваат деноноќно.

Ние од своите капацитети обезбедуваме околу 90 отсто од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 824 МW произведуваме просечно годишно до 5.000 GWh електрична енергија, од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 554 MW 1.200 GWh просечно годишно електрична енергија, а од ветерните електрани со инсталиран капацитет од 36,8 MW произведуваме преку 100 GWh електрична енергија.

ЗИП Институт е независна, невладина организација, која има за цел да ги подобри демократските процеси, владеењето на правото и развојот на граѓанското општество во Република Северна Македонија, преку прилагодени решенија за најгорливите социјални, општествени и систематски проблеми. Главна карактеристика на работата на ЗИП Институт се детални, сеопфатни анализи, иницијативи и акции на локално, национално и регионално ниво, како и поврзување на процесите на истражување и анализа со материјални решенија за најгорливите проблеми и придонесување кон процесите на креирање политики.

Амбасадата на САД во Скопје работи на унапредување на билатералните односи со Владата и со граѓаните на Северна Македонија, ангажирање на надворешни работи, бизнис, граѓанско општество, образование и други заедници за промовирање на прашања од заеднички интерес. Преку над 70 Американци и речиси 240 локално ангажирани вработените и под водство на амбасадорот, Мисијата: ги објаснува и ги застапува ставовите на Владата на САД за низа билатерални, регионални и глобални политички, економски, социјални и еколошки прашања; поддржува напорите на Северна Македонија за развој на стабилна економија која создава работни места што произведува одржлив раст на БДП; ги зајакнува капацитетите на судството и за спроведување на законот во Северна Македонија, особено во борбата против корупцијата, трговијата со луѓе и организираниот криминал; Ги зајакнува демократските институции и ја поддржува целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, и во буква и во дух; Ги зајакнува блиските врски со Северна Македонија како моделски сојузник во регионот и како непроценлив придонесувач за Глобалната војна против тероризмот; и го унапредува разбирањето на американското општество и вредности за да се осигура дека идните генерации имаат заеднички интереси и цели.

Владата има за цел повторно да ја врати изгубената енергетска сигурност и стабилност на Македонија, да ја намали електричната енергија и трошоците за електрична енергија, и да го направи сонцето извор на енергија во домаќинствата. Владата ќе обезбеди достапност на електрична енергија за сите граѓани и претпријатија.

Ќе се субвенционираат иновативни решенија и напредни технологии за производство на енергија, за да се намали процентот на фосилни горива и да се зголеми производството од обновливи извори на енергија. Намалувањето на увоз на енергија ќе биде резултат на комбинацијата од енергетска ефикасност и енергетска заштеда, рационално производство на сопствена енергија и значителен настап на регионалните и меѓународните пазари за електрична енергија, природен гас и нафтени деривати.

Владата ќе го поддржи рационалното производство на електрична енергија преку трансформирање на ТЕЦ Неготино во енергетско-земјоделска електрана, преку градењето на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, преку оптимизирање на Пелагонскиот базен за јаглен, воведување на последните еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј.

Место

Овој луксузен хотел нуди разни видови сали за состаноци, посебно дизајнирани за организирање настани, конгреси и средби. Од конвенции и конференции, па сè до свадби и семејни прослави, лични и професионални настани од секаков обем и стил се организираат секојдневно во Хотел Изгрев, Спа и Аква Парк.